Categories
Спорт

Липи се кае што се повлекол по освојувањето на Мундијалот во Германија

Новиот и стар селектор на фудбалската репрезентација на Италија Марчело Липи призна дека бил „будала“ што дал отказ по освојувањето на Светското првенство во 2006.

Новиот и стар селектор на фудбалската репрезентација на Италија Марчело Липи призна дека бил „будала“ што дал отказ по освојувањето на Светското првенство во 2006.

„Многу бргу по одлуката да дадам отказ се покајав. Повеќепати си повторував „каков идиот сум“, изјави 60-годишниот тренер во пресрет на натпреварот меѓу националните селекции на Италија и на Австрија во Фиренца.

Тој вели дека селекторската работа сега му изгледа уште подобра од порано.
„Кога првпат ја презедов репрезентацијата требаше да се создаде екипа од нула. Сега тимот е фомиран, само треба да се поттурне“, додава Липи.

За своето селекторско „кам бек“ деби ги повика повеќето од играчите со кои го освои Мундијалот во Германија.

„Не ги повикав затоа што се светски прваци, туку зато што заслужуваат. Се согласувам дека некои се во поодмината возраст, но се уште можат многу да дадат“, изјави Марчело Липи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *