Categories
Спорт

Кинезите нудат награди за анонимни јавувања поврзани со безбеднста на „ОИ“

Полицијата во Пекинг ќе понуди награда во висина од 73 150 долари на секој граѓанин од Пекинг кој ќе даде информација за потенцијално загрозување на безбедноста на Олимписките Игри.

Полицијата во Пекинг ќе понуди награда во висина од 73 150 долари на секој граѓанин од Пекинг кој ќе даде информација за потенцијално загрозување на безбедноста на Олимписките Игри.

Според мислењето на пекиншката полиција, паричните награди би требало да разбудат ентузијазам и да ги мобилизираат граѓаните, со цел игрите да минат без инцидент. Тие информации треба да бидат корисни и да служат во спречување на евентуалните терористички напади на разни организации како што е сектата „Фалун Гонг“.
Според претходните најави, за безбедноста на Олимписките Игри ќе се грижат дури 100 000 припадници на анти-терористичките сили.
Меѓутоа организациите за заштита на човековите права, наведуваат дека кинеските власти се обидуваат да ги искористат подготовките за Олимписките Игри за да се пресметаат со политичките противници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *