Categories
Спорт

Кинеската влада ја отвара внатрешноста на земјата за Олимписките игри

Кинеската влада реагираше на жалбите за малтретирањето на новинарите и ги повика локалните власти во земјата да се поведат според олимписките правила на известување.

Кинеската влада реагираше на жалбите за малтретирањето на новинарите и ги повика локалните власти во земјата да се поведат според олимписките правила на известување и да им овозможат на медиумите непречен влез во внатрешноста на земјата. Минатата година Кина, објави правила за известување кои посебно важат за време на траењето на Олимписките игри и кои ги ублажуваат претходните ограничувања на странските новинари надвор од поголемите градови.

Но, во праксата странските новинари наидуваат на проблеми со локалните власти.
Клубот на странските известувачи од Кина е загрижен, бидејќи пониските функционери не ги следат правилата за слободата на медиумите. И странските телевизиски мрежи исто така се
жалеа дека се оневозможуваат емитувањата за емитување во живо кои претходно биле одобрени.
Сопствениците на правата за емитување изразија загриженост дека нивото на безбедноста во Кина ќе го спречи увозот и работата на сателиските камиони во Кина. Домашните медиуми од друга страна не добија никакви гаранции за слободата на медиумите за време на Олимписките игри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *