Жулио Цезар ќе се врати во топ форма

Голманот на Интер, Жулио Цесар вели дека сега откако ставил потпис на нов договор се чувствува порелаксиран и најавува дека наскоро ќе ја врати својата најдобра форма.

 |  Крсте Голабовски  | 
Julio Cezar
Жулио Цезар

Голманот на Интер, Жулио Цесар вели дека сега откако ставил потпис на нов договор се чувствува порелаксиран и најавува дека наскоро ќе ја врати својата најдобра форма.

Julio CezarБразилскиот интернационалец признава дека оваа сезона не игра во топ форма но очекува мотивицијата по потпишувањето на новиот договор со Нероаѕурите да го вратат на најдоброто ниво.

“Среќен сум што го продолжив договорот, сакав тоа да се случи поради три причини; првата е дека Милан е одличен град и има се што сакам, освен плажа, второ, јас пораснав со Интер доаѓајќи во право време, и третата е, ние освојуваме титули, и можеме да освојуваме титули во иднина.” – рече Цесар.

“Пред да го продолжам договорот не се чувствував комфорно, се обидував да не мислам на тоа но неможев.”

“Тоа беше лош период, помалку чуден, во кој не можевме да го видиме правиот Жулио Цесар.”

“Но сега ќе се вратам во топ форма. Против Катанија и Рома не направив грешки но не бев задоволен од перформансите.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top