Во организација на едриличарските клубови „АМАК-СП Бофор“ од Охрид и „Стрмец“ од Струга, по четириесетти пат ќе се одржи Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2008“. Регатата се одржува под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Ќе се едри во класите Оптимист, Европа, Ласер Стандард, Ласер Радијал, Ласер 4,7 кои се со по еден натпреварувач, потоа олимписката класа 470 со двајца натпреварувачи и на крај Минитонецот со екипаж од тројца натпреварувачи.Трките ќе траат три дена. Ќе се возат десет трки и тоа првите два дена по четири а, третиот ден две трки.

Првата трка се вози на 31.07 за кога е планирано и свеченото отварање на регатата. За безбедноста на учесниците ќе се грижат службите на Центарот за обука на вода, Езерската погранична полиција како и службите на Црвениот Крст од Охрид се со цел да се избегнат проблемите со пловните објекти во периодот кога се одржува регатата.

Првите учесници веќе пристигнаа, тоа се едриличарите на Е.К „Панонија“ од Бела Црква од Србија а, останатите се очекуваат да пристигнат денес и утре  Во периодот од 31.07 до 02.08. со учество на 120 едриличари од девет земји од Балканов и Европа ќе започне регатата со досега најсилна конкуренција, во која ќе се натпреваруваат и едриличарските клубови од Македонија.

Стартната линија во зависност од ветерот ке биде некаде во близина на плажата „Куба либре“ или кај градското пристаниште. Свеченото затварање на регатата и прогласувањето на победниците како и на севкупниот победник ќе биде на 2 Август кога ќе биде доделена и „Златната маска“.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: