Categories
Спорт

Фудбалот, забава за најмладите

Многу насмеани детски лица го поздравија почетокот на инструкторскиот семинар за забавните фудбалски школи кој во наредниве пет дена ќе се одржи на спортско рекреативниот центар „Биљанини извори“ во Охрид.

Многу насмеани детски лица го поздравија почетокот на инструкторскиот семинар за забавните фудбалски школи кој во наредниве пет дена ќе се одржи на спортско рекреативниот центар „Биљанини извори“ во Охрид.

Настан кој веќе осум години се случува во Македонија, додека петта година по ред во нашиов град е одржувањето на забавните фудбалски школи кои се изработени по принципот на данските фудбалски школи. Покрај помошта од надвор овој проект ја доби и подршката на градоначалникот на О. Охрид Александар Петрески. За прв пат оваа година, Локалната самоуправа учествува со десет посто во финансиската рамка на овој спортски проект.

Во проектот ке учествуваат деца на возраст од 7-12 години од основните училишта од Радожда, Дебрца, Велгошти, како и од О.У. „Св. Климент Охридки“ од Охрид. Покровител на овоие школи е Данската невладина организација „Cross Culture Project Asociation“, како и УЕФА, владите на Норвешка, Шведска, Данска и Финска. Во проектот е вклучена и Фудбалската Федерација на Македонија. Целта на проектот е да се запознаат сите инструктори од земјата и гостите инструктори кои доаѓаат од земјите од поранешна Југославија како и Азербеџан, Молдавија, Грузија, Ерменија со овој проект и начинот на работа.
На спортските терени на СРЦ „Биљанини извори“, низ игра и забава околу 200 деца од Охрид ќе се запознаат со убавините на фудбалот.

Со децата ќе работат професори по физичка култура кои претходно посетувале семинар за обука на инструктори што воедно е и првата фаза од проектот. Втората фаза е обуката на лидери, додека третата фаза е нивната работа со одредена целна група на деца. Се планира во Македонија да се отворат дваесет вакви училишта, во кои учество ќе земат околу 4 000 дечиња.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *