Федерер новопечен татко

Рожер Федерер ги објави првите фотографии на неговите близначки на интернет.

 |  Крсте Голабовски  | 

На својот Фејсбук акаунт, Федерер се заблагодари на пријателите и фановите за сите добри пораки додавајќи дека “девојките и мајката се многу добро”.

semejstvo FedererФедерер на фотографијата е со својата сопруга Мирка и со децата, а фотографијата ја направил неговиот татко. Шарлин Рива и Мајла Роуз беа родени на 23 јули во “најдобриот ден” во животот на Федерер.

Швајцарскиот светски број 1 ќе се врати на тенисот на Роџерс Купот во Монтреал почнувајќи од 10 август, иако се очекуваше тој да го пропушти турнирот.

Федерер нема играно од победата во епското финале на Вимблдон против Енди Родик за неговата рекордна 15. гренд слем титула. Федерер му се јавил на директорот на турнирот кој го освои во 2004 и 2006, Јуџин Лапјер, и му потврдил дека ќе настапи на турнирот. “Кога го видов бројот и препознав дека е од Швајцарија, ми застана срцето. Нормално дека сме презадоволни од тоа што ќе ги имаме 19 од топ 20 тенисери на нашиот турнир”, вели Лапјер. Рафаел Надал исто така е во Монтреал и ќе го игра својот прв турнир таму од Ролан Гарос по два месеци пауза.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top