Categories
Спорт

Фабио Капело си заминува од Англија

Трофејниот италијански тренер, Фабио Капело го најави своето брзо заминување од клупата на Гордиот Албион, но и од светот на тренерите исто така.

Трофејниот италијански тренер, Фабио Капело го најави своето брзо заминување од клупата на Гордиот Албион, но и од светот на тренерите исто така.

Имено, тој најдоцна после Светското првенство во 2010 година планира да се прости со фудбалот и во својата шеесетитрета година да ја заврши својата богата тренерска кариера.
Тој како врзен играч играл за голем број фудбалски клубови од понизок ранг, но и за трите најголеми италијански клубови, Рома, Јувентус и Милан во кои подоцна и се врати но, како тренер.Освен таму од 2006-2007 беше на чело, на Кралскиот клуб за да во 2008 ја прифати понудата на Англија која преку Хрватска ќе се обиде да ја одведе на Светското првенство во 2010 година, кое што ако му успее за него ќе биде прво и последно големо натпреварување во репрезентативната тренерска кариера, но и последен предизвик за него.

Иако се смета за еден од најдобрите тренери на денешнината, не прифаќаше голем број на странски понуди, туку и остана верен на својата единствена љубов, италијанскиот фубал. Во својата шеесет и втора година тој го зеде во свои раце кормилото на успорениот англиски фудбалски брод, со надеж дека ќе успее да ги врати на патеката на старата слава. Според италијанските новинари избран е за селектор на годинава во 2005 година и тоа воедно му е и единствената индивидуална награда во кариерата.

Сега пред него како предизвик стои исправен Младен Билич, секогаш опасните белоруси и украинците во групата за квалификациите за Светското првенство. Тој се надева дека неговата последна роља како селектор на Англиската репрезентација ке му ја донесе најголемата сатисфакција, освојување на Светското првенство за крај заслужен за еден ваков фудбалски и тренерски великан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *