Categories
Спорт

Овој викенд во Ф1 се вози зa големата награда на Германија

Овој викенд љубителите на Ф1 ќе можат да уживаат во трката за големата награда на Германија.

Овој викенд љубителите на Ф1 ќе можат да уживаат во трката за големата награда на Германија.

Инаку должината на оваа патека е 306,45 киометри, се возат 67 кругови, каде должината на еден круг изнесува 4,6 километри. Најбрзиот круг го има извозено Кими Раиконен во 2004 година. Хокенхајм претставува рурален дел на Германија преполн со локални фармери кои едвај чекаат да се случи Гран при викендот за да се пожалат на огоромната бука.

Станува збор за прекрасно место сместено во неверојатно убав пејсаж во кој ќе се вљубите на прв поглед. Иако станува збор за мал град, во него има два музеи, првиот за љубителите на тутунот и не толку интересен за туристите, а вториот за вљубениците во мото трките, преполн со антиквитети од Гран при трките.
Најблизок град е Хајделберг, познат по својот замок, град каде се собирале најголемите германски филозофи, Ниче, Кант и Хегел. Потоа следува родниот град на Михаел Шумахер, Крепен, каде е сместен картинг ценатрот на Михаел Шумахер.
Самата патека е изградена во 1939 година за да во 1979 после голем број на промени стане домаќин на Формула еден трките. Во 1968 на оваа патека во Ф2 трките трагично животот го губи Џим Кларк.
Иако оваа сезона навикнавме на врнежливи трки, Хокенхајм би требало да ни пружи уште една жешка трка вообичаена за него, се очекува темпреатурите да се искачат до триесеттиот степен целзиусов за време на викендов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *