Categories
Спорт

Откриена мистеријата околу трансферот на Ето во Узбекистан

Францускиот спортски весник “Л’Екип“ ја откри тајната околу трансферот на Самуел Ето во узбекистанскиот тим Курувчи.

Напаѓачот на Барселона навистина допатувал во Ташкент, но, целта на неговото доаѓање не е потпишување договор со клубот од главниот град на Узбекистан, туку подигнување на популарноста на овој спорт во оваа азиска земја.

Кога присутните новинари го запрашале за колкава сума се работи, шпекулирајќи со цифра од 40 милиони евра, Ето само одмавнал со главата тврдејќи дека нема да дојде до никакво потпишување на договор. “Незнам за што зборувате, за каков договор! Дојдов во Узбекистан да го промовирам фудбалот кај помладата популација, а потоа се враќам во Барселона.“ изјавил камерунецот, неверувајќи како некој можел и да помисли дека ќе игра за некој малечок клуб од Средниот Исток.

Напаѓачот на Барса изјави дека за неколку дена ќе се врати на тренинзите на каталонскиот клуб, и дека се надева дека во претстојната сезона ќе биде ударната игла на клубот. Узбекистанските медиуми јавија дека на Барселона навистина и биле понудени 40 милиони евра за трансфер на Ето во Курувичи, плус 10 милиони евра кои би отишле на сметката на камерунскиот фудбалер.

“Имам 27 години и не е време за егзебиции. Моја цел е и понатаму да играм за најтрофејните европски клубови и да освојувам нови трофеји во најелитните европски фудбалски натпреварувања.“ изјави Ето за крај демантирајќи ги натписите во светските медиуми, според кои неговата кариера требаше да продолжи во Ташкент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *