Categories
Спорт

Единаесеттото злато за Фелпс

Американскиот пливач Мајкл Фелпс го освои и единаесеттото злато, петто во Пекинг.

Американскиот пливач Мајкл Фелпс го освои и единаесеттото злато, петто во Пекинг. На штафетата 4×200 метри слободно, американската штафета постави нов светски рекорд. Непосредно пред трката на штафетата тој освои и злато на 200 метри пеперутка. Фелпс пливаше на првата делница на американската штафета и на своите сотимци и донесе предност од 2 секунди.

Американците го подобрија својот рекорд за 3 секунди и 24 стотинки. Фелпс на Олимписките игри во Атина, пред 4 години освои 6 златни медали. Сега ги има пет, а ќе настапи во уште три дисциплини. Рекордот на Марк Шпиц од седум освоени злата во Минхен во 1972 година,кој беше прогласен за најупешен олимпиец на сите времиња, не е толку недостижен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *