Categories
Спорт

Двајца македонски спортисти денеска на олимписките борилишта во Пекинг

На Олимпијадата во Пекинг денеска настапуваат уште двајца македонски спортисти – стрелецот Сашо Несторов во преднатпреварите во дисциплината воздушна пушка од 10 метри и знаменосецот Атанас Николовски во двете квалификациски трки во кајак – слалом на диви води, во К-1. На Олимпијадата во Пекинг денеска настапуваат уште двајца македонски спортисти – стрелецот Сашо Несторов во преднатпреварите во дисциплината воздушна пушка од 10 метри и знаменосецот Атанас Николовски во двете квалификациски трки во кајак – слалом на диви води, во К-1.

Прв од седумчлената македонска спортска експедиција во Пекинг вчера настапи пливачот Михајло Ристовски во квалификациите на 200 метри слободно. Патеката во Аква центарот ја исплива за 1 минута 57 секунди 45 стотинки со што го подобри својот личен рекорд за 32 делови од секундата. Времето што го постигна беше доволно за пласман на 55. место од 58 натпреварувачи.
За 13-ти е предвиден настапот на пливачката Елена Поповска во квалификациите на 100 метри слободно.

Атлетичарката Ивана Рожман на 16-ти август ќе трча во спринтот на 100 метри, а Реџеп Селман на 18-ти ќе се појави во преднатпреварите во трискок.
Последен ќе настапи борачот во слободен стил Мурад Рамазанов, на 19 август, во категоријата до 60 килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *