Во саботата во Охрид во организацијана Едриличарскиот клуб„ АМАК СП
БОФОР“ и ЕДРИЛИЧАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА се одржа Државното првенство во едрење во класата ОПТИМИСТ за јуниори, до 12 години. По мошне поволни временски  услови и ветар со јачина до 5 бофори, во водите на Охридското езеро, најмладите македонски едриличари покажаа вистински мајсторства во едрењето борејки се мегу себе и со брановите повисоки од еден метар.

На првенството зедоа учество Едриличарските клубови „СНЕГАР“-Струга, „СТРМЕЦ“- Охрид и домакинот „АМАК СП БОФОР“-Охрид, со 17 едиличари.

На стандардно регатно поле се возеа четири трки. Државен првак за 2008 година е Дамјан Поп-Стефанија од „АМАК СП БОФОР“ кој успеа со две први, едно второ и едно четврто место во генерален пласман и во машка конкуренција да го освои првото место.

Во женска конкуренција, државна првенка е Бојана Радеска од „СТРМЕЦ“.
На првопласираните им беа доделени медали и пехари.

Резултати:

Генерален пласман/ Машка конкуренција

1. Дамјан Поп-Стефанија „АМАК СП БОФОР“
2. Александар Димески „АМАК СП-БОФОР“
3. Новица Велјаноски  „СТРМЕЦ“

Генерален пласман/ Женска конкуренција

1. Бојана Радеска „СТРМЕЦ“
2. Ема Осавков  „АМАК СП БОФОР“
3. Теодора Јанковска „СНЕГАР“

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: