Categories
Спорт

Џоковиќ се намачи со Болели

Иако се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Синсинати, најдобриот српски тенисер, се намачи со италијанецот Болели.

Иако се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Синсинати, најдобриот српски тенисер, се намачи со италијанецот Симоне Болели. Новак извојува победа од 2:0 по сетови и тоа 7:6 и 7:6. Натпреварот траеше еден час и 54 минути. Џокович се соочи со еден неверојатно тежок дуел во кој успеа да спаси десет брејк топки.

Српскиот тенисер имаше две брејк шанси кои веднаш ги искористи. Дека не беше на своето ниво, зборува и податокот дека имаше дури 37 неизнудени грешки, а само за информација, Болели имаше седум.

Во првиот сет не беше виден ниту еден брејк, иако италијанецот не искористи дури осум брејк можности, додека од другата страна Џоковиќ немаше ниту една можност на противникот да му го одземе сервисот.
Во вториот сет имаше многу повеќе возбудување се до тај брејкот. Првиот брејк го прави Џоковиќ во третиот гем. Поведе со 2:0, но потоа нагло му допушти на италијанецот да добие три гема и да поведе со 4:2.

Сепак, во седмиот гем од вториот сет Болели повторно губи на свој сервис. До крајот на сетот сигурни беа и едниот и другиот на свој сервис. Повторно се играше тај брејк кој заврши идентично како и првиот. Во следното коло, Џоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот Бердих-Сепи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *