Categories
Спорт

Џоковиќ елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Торонто

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ е елиминиран во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Торонто.

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ е елиминиран во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Торонто. Тој беше поразен од Енди Мареј во два сета 6:3, 7:6. Мечот траеше еден час и 44 минути. Противник на Мареј во полуфиналето ќе му биде Рафаел Надал кој го победи Ришар Гаске.

Мареј во својата прва победа над Џоковиќ играше многу подобро од српскиот тенисер. Беше многу посигурен во одлучувачките моменти и направи дури 17 неизнудени грешки помалку. Веќе во првиот сет деветтиот играч на АТП листата го одзема сервисот на својот противник и тоа во вториот гем и предноста од еден брејк ја задржа се до крајот на мечот. Џоковиќ направи десет неизнудени грешки и тоа од форхенд ударите.

Српскиот тенисер продолжи со својата игра и во вториот сет и на самиот почеток, во првиот гем губи на свој сервис. Мареј се движеше неверојатно добро за време на целиот меч и успеа да спаси многу тешки топки.

Во вториот гем, Џоковиќ прави рибрејк, за да во одлучувачкиот гем третиот тенисер на светот на неколку наврати ја испрати топката надвор од теренот. НА спротивната страна пак Мареј сите свои шанси ги претвараше во поени, за да на крај сосема заслужено го добие четвртфиналниот меч. Сатисфакцијата беше дотолку поголема зошто до оваа средба Мареј имаше добиено само еден сет во дуелите со Џоковиќ.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *