Црна Гора во првото полуфинале славеше против хрватските “Баракуди“ со 9:7. Екипата на Ратко Рудиќ одлично го отвори натпреварот поведувајќи со 2:0, но Црногорците се консолидираа и во третата четвртина поведоа со 5:4, водство кое потоа го држеа се до крајот на натпреварот.
Во второто полуфинале Србија во продолженијата ја доби Унгарија со 8:7. Иако Унгарците на 3 минути до крајот имаа водство од 7:5, до крајот на натпреварот и во двете продолженија не успеаа да постигнат погодок.
Нашите репрезентативци одиграа уште еден натпревар за паметење. Иако речиси во целиот натпревар против Русија го имаа водството, дозволија во последните моменти Русите да стигнат до 10:10. Во продолженијата “Сонцата“ постигнаа 3 а примија само еден гол и така се изборија за натпреварот кој ќе одлучува за 7-то место. Марко Мичиќ е најзаслужен за победата постигнувајќи 4 голови, додека по три постигнаа Јуксановиќ и Милиќ, за споменување е и Далибор Перчиниќ кој беше одличен на нашиот голот.


“Ние сме мала земја, со 2 милиони народ, кои ги стегаа палците за нас. Денеска ние одигравме за нив,
и стигнавме до натпреварот за седмо место“ изјави селекторот Мечкиќ. “Треба да бидеме задоволни со нашиот резултат, на првото македонско учество на европските првенства. Мислам дека ова е нашиот максимум“ изјави по натпреварот нашиот капитен Сашо Попоски.
Противник во натпреварот за седмото место ќе ни биде репрезентацијата на домаќинот Шпанија.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: