Челси повторно прв во Премиер лигата

Во дербито на Премиер лигата одиграно во Лондон екипата на Роман Абрамович му нанесе пораз на Ливерпул со 2:0.

 |  Крсте Голабовски  | 
Chelesea
Челзи

Во дербито на Премиер лигата одиграно во Лондон екипата на Роман Абрамович му нанесе пораз на Ливерпул со 2:0.

CheleseaДербито на колото во Премиер лигата се одигра во неделата во Лондон, каде Челзи на „Стемфорд Бриџ“ го пречека тимот на Ливерпул. Иницијативата беше на страната на домаќинот кој повеќе ја посакуваше победата во овој натпревар и на крајот заслужено славеше со 2:0.
Еден ден пред тоа беа одиграни натпреварите Болтон – Тотенхем 2:2, Барнли – Бирмингем 2:1, Хал – Виган 2:1 и Вулверхемптон – Портсмут 0:1. Саботната понуда ја заокружија шампионот Манчестер Јунајтед и Сандерленд кои одиграа крајно неизвесен натпревар. Водството беше константно во рацете на Сандерленд кој како и многу други екипи не успеа до крај да го задржи. Во 92-та минута по ударот на Евра трагичар на натпреварот беше помаладиот брат на дефанзивецот на Јунајтед Рио Фердинанд, Антоан, кои иако блескаше низ целиот дуел успеа да постигне автогол за конечни 2:2 на Олд Трафорд.

Во останатите натпревари во неделата Арсенал го совлада Блекбурн со рекордни 6:2, натпреварот Евертон – Стоук заврши со нерешен резултат 1:1 исто како и дуелот помеѓу Вес Хем и Фулам на кој сепак беа постигнати повеќе голови 2:2, додека колото ќе биде комплетирано в понеделник во 20:00 часот со натпреварот Астон Вила – Манчестер Сити.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top