Categories
Спорт

Четворица холандски алпинисти загинааа кај Мон Блан

Холанѓанец и неговите три сина загинаа денеска при пад од еден од масивите на Мон Блан во италијанскиот дел на Алпите.

Холанѓанец и неговите три сина загинаа при пад од еден од масивите на Мон Блан во италијанскиот дел на Алпите, соопштија локалните власти во градот Аоста во северозападниот дел на Италија.

Во соопштението се истакнува дека четворицата холандски алпинисти загинале кога се скинало јажето со кое што се спуштале од врвот на масивот Мон Долан. Со нив била и сопругата на Холанѓанецот, кој поминала со потешки повреди.
Спасувачките екипи соопштија дека за несреќата биле информирани од еден француски алпинист кој со двоглед го забележал падот на Холанѓаните.

Во истиот реон минатата недела при сличен инцидент посериозно беа повредени тројца француски алпинисти.

Масивот Мон Долан, висок 2.823 метри, кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Италија, Франција и Швајцарија, е во близина на највисокиот врв на Алпите, Мон Блан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *