Categories
Спорт

BMX, французите и летонците најдобри

Ви претставуваме резултати за еден запоставен спорт од Олимписките игри. Летонецот Марис Стромберг, го освои златниот медал во велосипедската дисциплина BMX.
Марис, трката ја заврши со време од 36,19 секунди, што беше за 41 стотинка побрзо од второпласираниот американец Мајк Деј.

Бронзата замина на градите на уште еден американец, Дони Робинсон кој забележа време од 36,97 секунди.

Во женската конкуренција, златото и припадна на французинката Ани Каролин Шашон, која беше подобра од сонародничката Летиција Ле Коргил, додека бронзата ја доби американката, Џил Китинер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *