Берлускони го продава Милан?

Италијанскиот фудбалски гигант Милан, во сопственост на премиерот на Италија Силвио Берлускони, наскоро би можел да добие нов сопственик.

 |  Крсте Голабовски  | 
Silvio Berlusconi
Силвио Берлускони

Италијанскиот фудбалски гигант Милан, во сопственост на премиерот на Италија Силвио Берлускони, наскоро би можел да добие нов сопственик.

navivaciОва денеска го пишува италијанскиот весник „Тутоспорт“, додавајќи дека потпретседателот на клубот Адриано Галиано сериозно работел на оваа тематика.

Неконкурентноста на Милан на фудбалскиот пазар оваа сезона, неможноста да се купат засилувања и заминувањето на најдобриот фудбалер Кака, ги разбесне навивачите на клубот, кои во неколку наврати остро протестираа.

Актуелниот сопственик Берлускони, кој со години наназад инвестираше огромни суми на пари, во време на финансиска криза, не може да инвестира, бидејќи секој негов потег е под лупа на јавноста.

Според „Тутоспорт“, Галиани водел преговори со израелска групација, која е подготвена да вложи во Милан значителни средства.

Милан прикажува бледи партии во подготвителните натпревари, каде што забележа серија порази на пријателските натпревари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top