Бекам сиигурен дека ќе заврши во Милан

Големата англиска и воедо светска фудбалска ѕвезда изрази увереност дека ќе ја продолжи својата кариера во Милан.

 |  Крсте Голабовски  | 
Dejvid Bechkam
Дејвид Бекам

Големата англиска и воедо светска фудбалска ѕвезда изрази увереност дека ќе ја продолжи својата кариера во Милан.

Dejvid BechkamПопуларниот Бекс зборуваше на оваа тема веднаш после квалификацискиот дуел против Белорусија во кој Гордиот Албион победи со 3:0.

Дејвид не е загрижен од тоа дека неговите моментални шефови во Лос Анџелес Галакси можат да го сопрат во неговата желба да помине во редовите на Милан, нешто што според селекторот Капело тој мора да го направи доколку сака да избори место во тимот на Англија за предстојното Светско Првенство во Фудбал кое следната година ќе се одигра во Јужна Африка.

„95% од работите се завршени. Секогаш сум кажувал дека сакам да се вратам во Милан, доволно е тоа што и тие ме сакаат. ОД клубот постојано го слушам тоа дека се задоволни од мојот минатогодишен учинок и дека сакаат повторно да се вратам и да бидам дел од росоњерите така да очекувам многу брзо се да биде готово“, изјави Бекс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top