Categories
Спорт

Пред Барса и Роналдињо претстојат одлучувачки 72 часа

Барселона и Роналдињо си дадоа еден на друг, „два или три“ дена во врска со иднината на младиот фудбалер на средбата на Ноу Камп.

Барселона и Роналдињо си дадоа еден на друг, „два или три“ дена во врска со иднината на младиот фудбалер на средбата на Ноу Камп.

На официјалната веб страна на фудбалскиот клуб Барселона стои дека и двете заинтересирани страни, а се мисли на фудбалскиот клуб и на бразилскиот фудбалер Роналдињо, постигнале меѓусебен договор за два до три дена време за расмислување пред затворањето на трансверот.

Во игра се уште два клуба кои го посакуваат Роналдињо, италијанскиот Милан и Манчестер Јунајтед. Доколку за овие два дена не се склучи договор, со некој од овие два клуба Роналдињо ќе почне да тренира за Барса.
Претседателот на шпанскиот клуб Хуан Лапорта за каталуњското радио изјави дека младиот бразилец е многу повеќе наклонет кон понудата на Манчестер Јунајтед.

Самиот Роналдињо се подготвува за Олимписките игри во Пекинг со националната репрезентација на Бразил, иако од Барса го посакуваат на Ноу Камп. Тој за Барса има постигнато 70 голови на 145 натпревари.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *