Балотели му донесе победа на Милан

Марио Балотели дебитираше со два погодоци и му донесе победа на својот тим против Удинезе (2-1) во последниот натпревар од 23. коло од Серија А.

 |  Голабовски Крсте  | 
Mario Baloteli
Марио Балотели

Марио Балотели дебитираше со два погодоци и му донесе победа на својот тим против Удинезе (2-1) во последниот натпревар од 23. коло од Серија А.

Mario BaloteliНа Марио Балотели му требаа точно 24 минути и 17 секунди да го постигне својот премиерен погодок во дресот на Милан. Марио погоди во вториот удар кон голот, додека за споредба, оваа сезона во Премиер лигата во 34 обиди постигна само еден погодок за Манчестер Сити. Стефан Ел Шарави се проби по левата страна, топката стигна до Балотели кој со лева нога прецизно биеше и погоди за водство на Милан.

Удинезе изедначи во 55. минута со голот на Пинци кој шутираше, топката се одби од Запата и заврши во мрежата на Милан. Следуваа напади на Милан, Нјанг ја погоди пречката, а победничкиот погодок падна кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со реми. Ел Шарави падна во казнениот простор во една доста сомнителна ситуација, судијата покажа на белата точка, а сигурен од 11 метри беше Марио Балотели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top