Categories
Спорт

Аргентина го одбрани фудбалското злато

Фудбалската репрезентација на Аргентина, го одбрани олимпиското фудбалско злато.

Фудбалската репрезентација на Аргентина, го одбрани олимпиското фудбалско злато. Во финалето на турнирот аргентинците ја совладаа националната селекција на Нигерија со резултат 1:0. Едиснтвениот стрелец беше Анхел Ди марија, во 58-та минута. Бронзата на олимписикиот турнир ја освои Бразил, кој во петокот ја победи Белгија со 3:0.

Мечот на националниот стадион во Пекинг помина во доминација на аргентинците кои заслужено ја одбранија својата титула, чин што не му успеал на никој во минативе 40 години.

Хавијер Маскерано е единствениот член на репрезентацијата кој се закити со злато и во Атина и во Пекинг, а неговата репрезентација на овој турнир прими само два гола и заслужено ја освои титулата олимписки првак.
Сино-белите со ова им се осветија на нигеријците за поразот во Атланта 1996 година кога загубија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *