Categories
Спорт

“АМАК СП Бофор“ е победник на Илинденската едриличараска регата

Едриличарите од ЕК „АМАК СП Бофор“ се севкупни победници на Меѓународна Илинденска регата што вчера заврши во Охрид.

Едриличарите од ЕК „АМАК СП Бофор“ се севкупни победници на четириесеттата Меѓународна Илинденска регата што вчера заврши во Охрид По петте трки одржани во трите натпреварувачки дена, во мошне силна конкуренција едриличарите на охридскиот клуб освоија седум медали, од кои две златни во класите „Европа“ и “Минитонец“, три сребрени во класите „Оптимист“ (генерален пласман), „Ласер радијал“ и „Ласер стандард“ и една бронзена во класата „Минитонец“ .

Посебни награди им беа доделени на највозрасниот и најмладиот учесник на регатата – Дамјан Поп Стефанија од „АМАК СП – Бофор“ и Владимир Кавај од ЕК „Сирма“ од Струга.

На четириесеттата традиционална Меѓународна едриличарска регата на Охридското Езеро се натпреваруваа 105 едриличари од 12 клубови во шест едриличарски дисциплини. Организатор на регатата беше Едриличарските клубови „АМАК СП Бофор“ и „Стрмец “ од Охрид, со помош на
Едриличарската федерација на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. На регатата учествуваа едриличари од Италија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Турција, како и едриличарски клубови од Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *