Адебајор суспендиран од три натпревари

Напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор доби суспензија од три натпревари поради насилничко однесување на натпреварот против Арсенал во саботата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Robin van Persi
Робин Ван Перси

Напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор доби суспензија од три натпревари поради насилничко однесување на натпреварот против Арсенал во саботата.

Емануел АдебајорЕмануел е обвинет за намерно газење на противничкиот фудбалер Робин ван Перси, а дополнително ќе одговара за начинот на кој го прослави голот пред гостинските навивачи кои претходно ги нарече најлоши во Англија.

Ван Перси по еден дуел со Адебајор заработи расекотина на лицето, а подоцна робусниот напаѓач го претрча целиот терен за да го прослави голот пред навивачите на Арсенал од кои минатата сезона додека го носеше дресот на “топчиите” често беше исвиркуван. Мораа да интервенираат редарите и полицијата за да се смират страстите и бесните симпатизери на лондонскиот клуб. ФА соопшти дека за секој од овие инциденти ќе има посебно сослушување и ја замоли полицијата да поведе истрага против навивачите на Арсенал кои фрлаа шишиња и разни предмети на теренот. Еден од редарите притоа беше погоден во главата и ја загуби свеста.

“Адебајор врз основа на забрзана дисциплинска постапка е обвинет за насилничко однесување во инцидентот со Робин ван Перси кој тогаш заработи повреда на лицето. Судијата Марк Клатенбург пред ФА изјави дека не го забележал инцидентот, но истакна дека ако го видел сигурно ќе му покажел директен црвен картон на Адебајор”, се вели во официјалното соопштение на ФА.

Адебајор мора најдоцна до 30 септември да се изјасни за обвиненијата за неспортско однесување. Пред англиските медиуми вчера тој рече дека не се чувствува виновен. Адебајор ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед претстојниот викенд плус мечот со Вест Хем на 28 септември во рамките на Премиер-лигата како и дуелот со Фулам во Карлинг-купот. Веднаш по истекувањето на оваа суспензија ќе се знае дали дополнително ќе одмора, но со оглед на паузата во Премиер-лигата поради квалификациите за СП, враќањето на теренот сигурно ќе биде за околу еден месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top