Categories
Спорт

Финале на турнирот во мал фудбал

Утре во СРЦ “Биљанини извори” ќе се одржат финалните натпревари од овогодинешниов прв турнир во мал фудбал, “Охрид 2008”.

Утре во СРЦ “Биљанини извори” ќе се одржат финалните натпревари од овогодинешниов прв турнир во мал фудбал, “Охрид 2008”.Ќе се знае и победникот на турнирот во мал фудбал во Охрид, настан кој предизвика огромен интерес кај фудбалските вљубеници од Охрид. Покрај финалниот натпревар, помеѓу екипите на “Скопско” и “Вис-Пој”, ќе се одигра и натпреварот за трето место помеѓу “Бекче” и најпријатното изненадување на турнирот, “Марлин” од Лескоец. Помеѓу овие два натпревари ќе се одигра и ревијален натпревар помеѓу екипите на ОУ “Св.Климент Охридски” и Оу “Христо Узунов”. Од предвидените 50 натпревари одиграни се 48, плус една мајсторка. Идејата да се направи нешто поразлично од досега, резултираше со голем број на посетители.

Покрај наградите во износ од 1000 евра за победникот, 500 за второпласирониот и 300 за третоплаасираниот, ќе бидат доделни награди и за најдобар стрелец, најдобар играч, најдобар голман и ќе биде доделен пехар за најфер плеј екипа. Предвидени се и награди за публиката, а химната ќе биде отпеана од страна на хорот при гимназијата Св. Климент Охридски. Наградите за најдобрите, ќе бидат врачени од страна на градоначалникот Александар Петрески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *