Спортската сала „Биљанини извори” со преодна оценка ја мина претпоследната инспекција на комисијата на Евроската Ракометна Федерација. Беше извршена неколку часовна инспекција, на која беа согледани резултатите од направените санции, но исто така беа дадени добронамерни забелешки, кои беа позитивно прифатени од локалната самоуправа. Покрај Јан Таиг во комисијата беа и Моника Фикседер – менаџер за европски женски првенства и Мартин Рос претставникот на „ИНФРОНТ“ маркетинг агенцијата која е сопственик на правата за маркетинг на ова првенство.

Македонија и Охрид ќе бидат домаќини на две ракометни првенства годинава и уште едно во 2009 година. Од дваесет и први Јули, до трети Август ќе се одржи Светското јуниорско првенство за жени. Од први до петнаесетти Декември, Европското Сениорско првенство за жени, а во 2009 Кадетското првенство за жени. Новите забелешки кои ги даде комисијата, се однесуваа најмногу на просториите кои ке ги користат новинарите, поради огромниот медискиот интерес кој го следи овој настан.

Новоформираното јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти ќе се фокусира на завршувањето на забелешките направени од страна на комисијата. Поради Самитот на претседателите, натпреварите кои се одржуваа во салата во овој период и парламентарните избори чија предизборна кампања е во тек, локалната самоуправа беше ограничена во преземање на активностите. Но, од таму уверуваат, дека сите работи ќе бидат завршени пред почетокот на Светското јуниорско првенство во месец Јули.

Претставникот на натпреварувачката комисија ги отфрли шпекулациите за одземање на овие спортски настани на Македонија, а беше постигнат договор за ждребувањето за Европското првенство тоа да се одржи на 20 Јули на брод во водите на Охридското езеро.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: