Categories
Спорт

Санации на СРЦ “Биљанини Извори”

Се интензивираат работите на СРЦ “Биљанини Извори” во пресрет на посетата на делегацијата од Европската ракометна федерација.

Се интензивираат работите на СРЦ “Биљанини Извори” во пресрет на посетата на делегацијата од Европската ракометна федерација.При посетата на претсатвниците на Европската и Светската ракометна федерација како и Ракометната федерација на Македонија во Август минатата година, врз основа на даденото позитивно мислење беше потпишан протокол, но беше и сугерирано за потребата од извесни реконструкции и санации кои треба да се изведат во спортската сала Биљанини извори како и крајниот рок за извршување на истите.

Работите во СРЦ започнати од февруари, се интензивираат во пресрет на посетата на комисијата од ЕХФ. Најголеми зафати се изведуваат на проширувањето на прес центарот, кој со направените модификации ќе зафаќа површина од 200 м/к. Направена е плус просторија, а исто така се работи и на зголемување на капацитетот на паркинг просторот. Исто така дел од седиштата на јужната трибина ќе бидат одстранети со цел да се направи премин за новинарите.Во делегацијата на ЕХФ, покрај претседателот Тор Лијан, ќе бидат и Михаел Видерер, генералниот секретар, Јан Туик од натпреварувачката комисија, Моника Фикседер, одговорната за ЕП и претставник на Инфорнт, маркетинг-агенцијата на ЕХФ. Европското сениорско ракометно првенство за жени, кое ќе се одржи во Македонија, е првото на кое натпреварите ќе се играат само во две сали, иако од ЕХФ се бара минимум четири сали само за одржување на првиот круг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *