Categories
Спорт

Самуел Ето во Узбекистан!?

Утрово со летот од Париз до Ташкент во главниот град на Узбекистан долета големата фудбалска ѕвезда, камерунецот Самуел Ето.

Уште пред неколку дена се појави информацијата дека напаѓачот на Барселона, Самуел Ето ќе премине во Курувчи, клубот од Узбекистан. 27 годишниот репрезентативец на Камерун ќе потпишен краткорочен договор (3-6 месеци), како би можел да му помогне на клубот да заигра во Азиската Лига на Шампиони.

 

“Ето пристигна во Ташкент и утре ќе потпише за нашиот клуб“ изјави еден од челниците на клубот. “Тоа ќе биде голем потпис во фудбалскиот свет, кој многу ќе значи за сите Узбекистанци. Ето ќе игра во Азиската Лига на Шампиони, па ќе видиме до каде ќе стигне соработката“.

Доколку Ето се одлучи да го продолжи својот престој во Ташкент, на неговото конто ќе легнат 40 милиони евра, сума која му е понудена од претседателот на клубот. Иако оваа вест е за рубриката верувале или не“ од Курувичи убедуваат дека работата е веќе договорена. “Решавачко во целата приказна не се парите туку големото пријателство помеѓу двата претседатели на клубовите.“ изјавуваат фудбалските функционери од Узбекистан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *