Categories
Спорт

Меморијален турнир во мал фудбал „Гоце Савески – Гоше“

На фудбалското игралиште „Стобекс“, овој месец во Охрид ќе се одржи меморијален турнир во мал фудбал под името „Гоце Савески – Гоше“.

 

На фудбалското игралиште „Стобекс“, овој месец во Охрид ќе се одржи меморијален турнир во мал фудбал под името „Гоце Савески – Гоше“. Во периодот од 01 до 15 Јуни во Охрид, ќе се одржи меморијален турнир во мал фудбал, во сеќавање на Гоце Савевски –Гоше. Чланарината за учество на овој турнир, изнесува 3000 денари, средства кои ќе бидат вратени на учесниците преку наградниот фонд, како и за покривање на тековните трошоци. Исто така, голема помош за одржување на турнирот беше дадена од страна на „Агенцијата за млади и спорт“, како и од црквата „Св. Тројца“.

Идејата за одржување на овој турнир потекна од другарите на Гоше, а нивна цел е да стане традиционален. Награди ќе има за трите првопласирани екипи. Старосната граница за учество на овој турнир е од 20-22 години. Пријавувањето на учесниците е во тек. Финалето на турнирот ке се одржи на 15 Јуни на ден Духовден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *