Македонската репрезентација во едрење, се врати од Палиќ, Србија каде учествуваше на Првенството на Југоисточна Европа во класата „Оптимист“. Постигнати беа солидни резултати.

Петте едриличари кои ја претставуваа Македонија на Првенството на Југоисточна Европа во класата „Оптимист“, имаа можност да ја измерат силата на една од најмасовните регати на нашиве простори. Во истата класа се натпреваруваа 58 натпреварувачи, претставници на националните едриличарски тимови од Словачка, Алжир, Кипар, Унгарија, Црна Гора, Ерменија и домаќинот Србија. Во досега најсериозна конкуренција нашите едриличари ги постигнаа следниве резултати:

Едрал Љушо од ЕК „Снегар“ – Струга 19 место.
Димитар Поп-Стефанија од ЕК  „Амак сп – Бофор“ – Охрид 25 место.
Добре Трпоски од ЕК „Амак сп – Бофор“ – Охрид
32 место.
Мартина Каневче од ЕК „Амак сп – Бофор“ – Охрид
34 место (во женска конкуренција 7 место).
Елена Ставреска од ЕК „Стрмец“ – Охрид  40 место (во женска конкуренција 10 место).

Следен предизвик за нашите едриличари ќе биде  регатата „Софија 2008“ која ќе со одржи на езерото Исар, Р. Бугарија во периодот од 23. 05 – 25. 05. 2008 година.
 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: