Categories
Спорт

„Лејкерси“ после четири години во финалето на западот

Со победата од 108:105 над Јута кошаркарите на „Лос Анџелес Лејкерс“ се пласираа во финалето на западот.

Така по пауза од четири години, езерџиите ќе играат во конференциското финале. Коби Брајант го водеше гостинскиот тим со 34 поени, од кои 12 во последната четвртина, во која „Лејкерси“ едвај успеаја да го задржат налетот на „Џезерите“, кои иако на полувреме губеа со 19 поени успеаја во последните мигови да ја доведат во прашање победата на гостинскиот тим.

Покрај Брајант кај победниците Гасол уфрли 17 поени, а Фишер 16. Кај тимот на Јута Вилијамс постигна 21 поен со 14 асистенции, а Окур постигна 16 поени.

На истокот Кливленд и Бостон одиграа уште еден натпревар кој никој нема да го памети. Кавалирси славеа
со 74:69, а речиси половина од поените, 32 постигна Леброн Џејмс. Уште само Вест кај домаќините имаше
двоцифрен учинок постигнувајќи 10 поени. Гарнет со 25 и Пирс со 16 беа единствените светли точки во
тимот од Бостон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *