Categories
Сцена & Муабети

Зошто слоновите не забораваат

Познато е дека слоновите имаат извонредна меморија, а таа способност, тврдат научниците, им помага да се изборат со последиците на климатските промени. Тие не забораваат бидејќи тие знаења за нив и за нивните деца се пресудни за живот.

Познато е дека слоновите имаат извонредна меморија, а таа способност, тврдат научниците, им помага да се изборат со последиците на климатските промени. Тие не забораваат бидејќи тие знаења за нив и за нивните деца се пресудни за живот.

Студијата за овие животни резултираше со сознанија дека семејствата кои ги водат постарите женки имаат поголеми шанси да ги преживеат тешките периоди на суши, бидејќи се сеќаваат каде можат да се најдат храна и извори на вода, колку и да се далеку. Затоа таквите групи полесно преживуваат.

Научниците предупредуваат дека сушите во Африка ќе станат се почести, а ќе ги преживеат само оние животни кои за тоа имаат доволно искуство и знаење.

Истражувачите на Друштвото за заштита на дивите животни од Лондон го следеле животот на слоновите во националниот парк Тарангире во Танзанија од 1993 година при што откриле дека во периоди кога нема суша, умираат околу 20 проценти од младите слонови, што е многу повеќе од она што се смета за нормално во сушните периоди.

Исто така, две групи слонови, кои го напуштиле паркот имаат повеќе преживеани од онаа која останала во паркот.

Во групите кои отишле се наоѓале слонови на возраст меѓу 38 и 45 години. Водачот на групата која останала на територијата на националниот парк, бил помлад.

Научниците веруваат дека постарите женки се пресудни во овие случаи, бидејќи се сеќаваат на поранешните суши и знаат што треба да се прави за да се преживее тој период.

“Интересно е колку постарите женки и нивните трауми од претходните сушни периоди претставуваат битен фактор за преживување. Се сомневаме дека оние кои не поминале низ такви искуства би можеле своите групи толку добро да ги водат“, вели доктор Чарлс Фоли, шефот на овој проект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *