Categories
Сцена & Муабети

Жешка телефонска линија за агресивни мажи

Во Шпанија наскоро ќе биде воведена специјална телефонска линија за мажите кои сакаат да извршат насилство врз своите сопруги.

Во Шпанија наскоро ќе биде воведена специјална телефонска линија за мажите кои сакаат да извршат насилство врз своите сопруги.Идејата е на шпанската министерка за рамноправност меѓу половите Бибиана Аидо Алмагро.
„На жешката линија ќе може да се јават мажи кои се во искушение да ги нападнат своите сопруги“, потенцираше министерката.   
За шпанското правобранителство борбата против семејното насилство е еден од главните приоритети.

Според шпанските медиуми, човек кој се подготвува да ја нападне жената треба да има линија каде ќе може да се обрати и да му раскаже на операторот за својот гнев.
Испитувањата покажаа дека ризикот да бидат жртви на семејно насилство е шест пати поголем кај жените на имигрантите во Шпанија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *