Categories
Сцена & Муабети

Женска верзија на “Терминал“

Германката Бетина (48) веќе 10 години живее на аеродромот во Мајорка.

Германката Бетина (48) веќе 10 години живее на аеродромот во Мајорка.

Со својата бела мачка Муму ги бутка трите куфери, ќебето, куп книги и стана неизоставен дел од аеродромот.

Нејзината приказна потсетува на филмот “Терминал“ со Том Хенкс во главна улога, кој пак, е инспириран од вистинска приказна за маж кој 18 години живеел на парискиот аеродром Шарл Де Гол, откако му ги украле документите.

Бетина е родена во мало градче во јужна Германија. Откако ја изгубила работата и останала со скршено срце по прекинот на долгогодишната љубовна врска, таа сакала да сврти нова страна во својот живот и отпатувала во Шпанија.

Меѓутоа, не можела да пронајде постојана работа, бидејќи била странец.

“Еден пријател два пати неделно ми носи храна. Понекогаш луѓето ми даваат пари, но никогаш ништо не барам“, вели таа.

Во најголемата гужва на аеродромот Бетина може да се види како седи во еден агол и чита. Облечена во фармерки и маичка, секогаш пристојна и чиста. Хигиената ја одржува во тоалетите на аеродромот, додека фотељите и служат како кревет.

Таа вели дека не сака да се врати дома. Вработените на аеродромот ја почитуваат и велат дека би било чудно ако ја нема.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *