Categories
Сцена & Муабети

Жена на возраст од 44 години го роди осумнаесеттото дете

Романска имигрантка на возраст од 44 години го роди своето осумнаесетто дете.

Во Аботсфорт, Британска Колубија оваа романска имигрантка стана најплодната мајка со родени 18 деца за 20 години. Гордиот тако, Александру Јонце стана родител по осумнаесетти пат, овој пат на девојче тешко околу три килограми кое го доби имаето Абигејл.

Ова романско семејство никогаш не планирало колку деца ќе има. Оставиле Бог да се грижи за тоа, според изјавата на гордиот татко. Тие имигрирале во Канада од Романија во 1990 година и сега живеат во Аботсфорт, Британска Колумбија. Нивните останати седумнаесет деца се на возраст од 20 месеци до 23 години.

Јонце не е сигурен дали малата Абијгел ќе биде нивното последно дете. Сега тие имаат десет девојчиња и осум момчиња и благодарни се на Бога што се сите здрави и прави. Со малата Абијгел станаа многу популарни како во Романија и Англија така и во Канада и Германија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *