Categories
Сцена & Муабети

Земји со најдолга “алкохолна традиција„

Во некои земји заедничките пиења се природна појава, а постојат и такви каде ритуалното опивање претставува традиција.

Според испитувањето на ОЕЦД, ова се десетте земји каде годишно се пијат најмногу алкохолни пијалоци.

10. Франција

На последното, десетто место се наоѓа Франција. Кога Французите пијат, најчесто тоа е вино. Во оваа земја виното и храната одат заедно, односно се пие со повеќето јадења.

9. Италија

Деветта е Италија, која, како и Франција е земја каде виното се произведува и пие во огромни количини – овој алкохол всушност е составен дел на националната кујна и многу се прави за унапредување на неговиот квалитет. Неретко и децата ги “залеваат„ своите оброци со вино.

8. Република Чешка

Чесите, пак, се најдоа на осмото место – годишно еден човек пие 156,9 литри пиво во просек. Чешката Република спаѓа меѓу најуспешните производители на пиво на светот.

7. Германија

Невообичаено, но интересно, во Германија пивото чини колку и водата. Ова е многу либерална земја, поради што пијалок можете да купите секаде – во продавница, на бензински пумпи, па дури и во трафики. Не е забрането да се пие алкохол во јавност, а и многу често се организираат забави со скари и буриња пиво.

6. Данска

Со просечните 11,5 литри чист алкохол во жител годишно, Данска го зазема шестото место на оваа листа. Околу 96 проценти од Данците од 15 години се сметаат за конзументи на алкохолни пијалоци. Статистиките велат дека Данска, како и другите земји во северна Европа, е многу либерална кога станува збор за алкохолот, со ниски цени и многу барови.

5. Австралија

Петтото место го држи Австралија. Западниот дел од земјата, под британска власт, румот бил користен како валута и таму пиењето на алкохол е природна работа. Бидејќи пиењето сам е исклучително грда навика, вообичаено се бара друштво за заедничко “реализирање на овие активности“.

4. Русија

Доволно е да се каже “вотка“ и веќе се знае на кој народ се мисли. Доколку одите во Русија, не очекувајте некакви лесни коктели. Токму затоа и оваа земја е една од водечките според бројот на консументи на алкохолни пијалоци.

3. Англија

Во Англија комбинациите на алкохолни пијалоци се безбројни, а имаат и закон што дозволува 24 часовно консумирање. Во последните години се зголеми бројот на оние кои пијат, а со тоа и заболувањата на црниот дроб и другите несакани последици. Оваа земја се наоѓа на трето место на листата.

2. Финска

Традицијата на пиење алкохол во Финска е многу долга, а вотката и пивото Гинис се најомилените пијалоци на Финците. Статистиките покажуваат дека токму алкохолот е виновен за смртта на најголем број луѓе на возраст од 15 до 65 години.

1. Ирска

Прва на списокот е Ирска – дури 48 проценти од Ирците се опиваат барем еднаш во неделата, додека процентот на алкохоличари во Англија изнесува 40 отсто, а во Франција девет. Пивото со години се наоѓа меѓу основните продукти во ирските семејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *