Ако не послужат временските прилики, луѓето кои се распоредени по тесната траекторија на движењето на Сонцето кога полека но сигурно ќе почне да го јаде Месечината, на сред бел ден ќе можат да видат ѕвезди.

За разлика од античките времиња, кога на соларните еклипси се гледало како на лоши предзнаци во голем број од тогашните култури, денес не треба да се плашиме. Но сепак, легендите и митовите останаа, посебно во изолираните региони од нашава планета, така да можеме да очекуваме тропање по тенџериња се со цел, да се протера лошиот дух кој се исправил пред Сонцето.

Мистерии, митови и легенди

Затемнувањата на Сонцето настануваат кога Месечината ќе се постави помеѓу Сонцето и Земјата. Ова едниствено може да се случи за време на млада Месечина. Кога трите небесни тела ќе се позиционираат во права линија настанува еклипсата.

Пред да преовлада научното објаснување за овој феномен, царувале митовите и легендите. Се верувало дека некаков демон или змеј го јадат Сонцето. Во древна Кина, секаков необичен феномен кој им се случувал на небесните тела бил тесно поврзуван со судбината на императорот. Кога во древна Кина во 2134 година дошло до соларна еклипса, а двајцата астролози, Си и Хо не го предвиделе нејзиното настанување, веднаш биле погубени. Древните кинези тропале на тенџериња и тапани со цел да го избркаат суштеството кое го јаде нивното Сонце. Во Индија пак, луѓето влегувале во вода за да му помогнат на Сонцето во борбата со змејот.

Дури и денес, митовите постојат. Ве Египет на пример, за време на еклипсата децата се чуваат дома со затворени прозори и спуштени ролетни. За време на целосното помрачување во 2006 година Индиските доктори ги советувале бремените жени да не излегуваат надвор за време на еклипсата, доколку не сакаат на свет да донесат слепо дете или дете со зајачка уста. Храната која се приготвува пред еклипсата мора да се фрли после настанот, зошто се полнела со лоши духови. Исто така не смее да се држи нож за време на еклипсата зошто можеме да се повредиме.
Во Того, властите пред соларната еклипса апелирале до селаните да останат дома.

Опасност за очите

Затемнувањата на Сонцето може да бидат штетни за очите. За време на целосното затемнување, нема никаква опасност кога сонцето е целосно прекриено. Короната, или сончевата атмосфера, често пати е видилива во тие моменти и е целосно безбедна за набљудување. Но, ако дирекно гледате во Сонцето за време на делумна еклипса, ќе дојде до оштетување на видот доколку не носите соодветна заштита за очите. Екстремно опасно е за видот, да се посматра целиот процес додека дојде до целосното затемнување без соодветна заштита. 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: