Властите во градот Кејнчам, недалеку од Бристол, во југозападниот дел од Англија забранија носење на пластично цвеќе на локалните гробишта, тврдејќи дека тоа претставува опасност по здравјето и безбедноста на луѓето.

Градската власт потсетува дека таа забрана не е нова, туку дека никогаш досега не била применувана.

“Одржувањето на гробиштата и зелените површини околу парцелите во последно време стана премногу компликувано за нашите вработени поради се поголемите количества пластично цвеќе”, изјавил претставник на градските власти.

“Постои оправдан страв дека тоа цвеќе, доколку биде потфатено со машината за косење, со исфрлањето од машината може некој да повреди”, додава тој.

Многу семејства, чии блиски се погребани на гробиштата, сепак очекуваат дека забраната ќе биде укината, бидејќи пластичното цвеќе за нив претставува економично решение за украсување на гробовите.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: