Categories
Сцена & Муабети

Три минути доцнење, нов живот за младите шпанци

Ером Боланоса ке слави уште еден роденден, бидејќи доцнењето од три минути за летот на Канарските острови му го спаси животот нему и на неговата девојка. Ером Боланоса ке слави уште еден роденден, бидејќи доцнењето од три минути за летот на Канарските острови му го спаси животот нему и на неговата девојка.

„Денес ми е втор роденден“ беше првата реакција на Боланоса. Тој со  својата девојка бил за на пат кон Канарските острови, но за среќа задоцниле за на аеродором, па не успеале да се качат на авионот во кој загинаа 153 лица.

Иако им било дозволено да направат „check in”,, не успеале на време да стигнат до влезот и авионот полетал без нив. Само што се обиделе да побараат нов лет, слушнале за несреќата. Причината за доцнењето не е позната.

Сега за сега парот ќе остане во мадрид се до следниот авион кој денес полетува. И покрај несреќата на која беа сведоци не им е страв од летање.

„Нема да верувате, но повторно ќе летаме со „Spanair“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *