Categories
Сцена & Муабети

Продуцентката на „Вовед во анатомија“ изненадена од Кетрин Хајгл

Шонда Рајмс писателката и продуцентка на „Вовед во анатомија“ изненадена но, не навредена од изјавите на Кетрин Хајгл.

Шонда Рајмс писателката и продуцентка на „Вовед во анатомија“ изненадена но, не навредена од изјавите на Кетрин Хајгл.

Имено холивудската актерка Кетрин Хајгл, која во серијата го толкува ликот на убавата докторка Изи, остро ги нападнала сценаристите на оваа серија. Шонда, идејниот творец на оваа мега-популарна серија, изјави дека ликот на Изи во првата половина од последната сезона е многу комичен, за да подоцна претрпи одредени промени и дека е многу тешко да се разбере. Таа продолжи со изјавата тврдејќи дека актерите и целата екипа се нејзино семејство, кое таа го гледала како расне и како од млади убави актери станаа вистински мега ѕвезди.

Според претседателот на „Еј-Би-Си“ телевизиската мрежа Стив Мекферсон и Шонда Рајмс, ликот на Хајгл, преубавата Изи ќе биде централниот лик во серијата покрај квази лезбејската врска повеѓи Кали и докторката Ерика Хан. Младата Хајгл нема потреба од изјави од ваков тип, бидејќи ја очекува навистина интересна сезона за нејзиниот лик, а богами и за сите гледачи на „Вовед во анатомија“.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *