Во Египет се создава паника поради преголемиот наталититет на населението.
Секој час во оваа африканска земја се раѓаат 217 бебиња, што е околу два милиони нови жители годишно. Генералниот секретар на Националниот совет за населението предупреди дека ако продолжи овој тренд, во 2058 година Египет ќе има 173 милиони жители. Оваа проекција е драматична кога ќе се спореди со големината на површината која може да се насели во земја. Иако Египет се простира на помалку од милион километри квадратни, живеењето е можно на само околу 45.000 метри квадратни.