Categories
Сцена & Муабети

Недостигот на витаминот Д поврзан со поголема смртност

Според истражувањето на американските лекари, недостигот на витаминот Д за 26 проценти го зголемува општиот ризик од смртност.

Според истражувањето на американските лекари, недостигот на витаминот Д за 26 проценти го зголемува општиот ризик од смртност.

Истражувачите од медицинскиот факултет Џонс Хопкинс во Мериленд испитале 13 илјади мажи и жени, родени здрави, а учествувале во националната анкета со која се споредувале ризиците за смртност меѓу луѓето со ниско ниво на витаминот Д во крвта со оние со просечно ниво.

Меѓу 1.800 испитаници, кои починале до 31 декември 2000 година, од кои скоро 700 починале од кардиоваскуларни болести, 400 страдале од недостаток на витаминот Д, што значи дека за 26 проценти е поголем ризикот од смртен исход, без оглед за која болест станува збор, кај луѓето кај кои е утврден недостигот на тој витамин.

Ова истражување јасно упатува на поврзаноста меѓу ниското ниво на витаминот Д во крвта и зголемениот ризик од рак на дојките, како и појава на депресија кај постарите луѓе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *