Categories
Сцена & Муабети

Со вирусите во борба против ракот

Научниците експериментираат со вирусите кои ги предизвикуваат обичните настинки во борбата против ширењето на ракот на простатата.

Научниците експериментираат со вирусите кои ги предизвикуваат обичните настинки во борбата против ширењето на ракот на простатата.

Инфекцијата на клетките на ракот со вирусите на обичната настинка им овозможува поакутно следење на дисперзијата на канцерогените клетки. На универзитетот во Калифорнија се направени првите експерименти врз клетки на рак кај глувците. Со ова се овозможува следење на развојот на ракот пред појавата на метастазирање на истиот, со што ќе биде многу полесно да се одреди терапијата со која ќе се нападне ракот, која е вообичаено многу поагресивна за време на неговото метастазирање.

Меѓутоа, некои одредени видови на рак како што е највообичаениот рак кај мажите, а тоа е ракот на простата кој многу тешко може да се открие со помош на конвенционалните методи оваа метода може да се докаже како многу ефикасна.
Се користи модифициран вирус на настинка кој се вбризгува дирекно во клетката на ракот. Кога вирусот е во клетката, ослободува протеин кој може да биде детектиран од страна на скенерите, дури и кога клетките на ракот се шират преку лимфните јазли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *