Иако веќе застарена, видео играта “Ghost recon” од 2001 година, е интересна по една работа – точно ја предвидела ерупцијата на судирите меѓу Русија и Грузија.
Произведена е во рамките на серијата на слични изданија на компанијата Ред Сторм Ентертаимент, што ја основал американскиот писател Том Кленси, за која руските медиуми сега велат дека е близок на воено – индустрискиот комплекс во САД.

Во играта Русија ги помага побунетите фракции во Грузија, што потсетува на ситуацијата со Јужна Осетија. Играчот ги контролира американските специјални единици за да ги запре востаниците и Русите.

Во реалноста, Американците не се вклучија во судирот, иако испратија свои трупи за да ја набљудуваат ситуацијата.

Прашањето е дали фирмата што ја произвела оваа игра имала на располагање информации што остатокот на светот не ги знае?

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: