Categories
Сцена & Муабети

Ветерници во Њујорк?

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, познат по своето завземање за заштита на околината, ја претстави идејата на мостовите и облакодерите на тој град да се постават ветерници што би произведувале струја.

Блумберг во средата објави во Њујорк Тајмс дека ќе замоли неколку компании да ги оценат плановите за поставување на ветерници.
    
“Сакаме да го направиме Њујорк американски првак во производство на чиста енергија”; изјавил градоначалникот.
    
Њујорк поради преоптовареност на системот за снабдување со струја, во последните неколку години доживеа неколку спектакуларни снемувања на електрична енергија. Струјата добиена од ветер би можела во рок од десет години да покрие десет проценти од градските потреби за електрична енергија, велат соработниците на Блумберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *