Им верувате ли на бајачките и гатачките?

Навистина запрепастуваки е  колкав е бројот на бајачки, гатачки, јасновитци, лекувачи на секакви болести, биоенергичари и слично во нашата земја, но и во нашиот град.

bajacki
бајачки

Навистина запрепастуваки е  колкав е бројот на бајачки, гатачки, јасновитци, лекувачи на секакви болести, биоенергичари и слично во нашата земја, но и во нашиот град.

Народот кога е во мака е конфузен , збунет и очаен на секоја врата тропа, па затоа голем број и од охриѓани досега ги користеле услугите на овие лица.

bajackiДодека одењето кај психијатар или психолог сеуште за жал се смета за ненормална работа, одењето кај таканаречените „видовити“ лица е најнормална работа за нашиов народ.

Кај повеќето од нив се чека со часови, денови, а за закажување кај некои се чека и со месеци. Сите се со различна тарифа, па некои луѓе под влијание на очајот во кој се наоѓаат и последните пари ги даваат за спас од безизлезната ситуација. Но во последно време интересна е појавата и на таканаречените мобилни тимови на луѓето од оваа бранша кои знаат да одат од врата до врата нудејќи ги своите услуги.

Бајачите, гатачите, јасновитците и останатите ликови од оваа бранша се едни од најспособните луѓе шо својата интелегенција, способност за дедукција и перцепција се обидуваат да манипулираат со оние кои очајнички бараат помош за било каков проблем. Најчест облик на манипулација е сервирањето на добри placebo ефекти, а речиси никогаш помошта нема да ја добиете со само еден таканаречен третман.

Но, за жал, многу често по медиумите можеме да слушнеме и видиме информации и за тоа колку луѓе биле измаени од лажни гатачи кои им земале и над 500 евра само за наводно да им „го решат проблемот“. Се почести се случаите на измамени лица на кои им се нудат решавање на нивните проблеми преку магии, истерување на демонски сили или нудење ефикасни лекарства. Затоа почитувани гледачи, внимавајте и не дозволувајте во моментите кога можеби и ви е најтешко во животот, да бидете манипулирани и злоупотребени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top