Учесниците во верижен судир на Тајван, ја прекинале кавгата околу тоа кој е крив за несреќата, откако утврдиле дека родендените им се невообичаено “наредени“.

По судирот во тунел во покраината Чиајил, на западот од Тајван, што за среќа поминал без повредени, учесниците се упатиле во полициска станица.

Меѓутоа, при запишувањето на личните податоци тие откриле дека родендените им биле наредени – првиот возач бил роден на шести јуни, вториот на седми јули, третиот на осми август и четвртиот на деветти септември.

Кога во полициската станица ги покажавме личните документи, останавме без здив, бидејќи тоа е многу необично“, вели еден од четворицата возачи.

Тие се откажале од натамошна истрага за барање на виновникот на судирот, бидејќи се убедени дека нивната средба има некое подлабоко значење.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: