Categories
Сцена & Муабети

Дајана Мендоза од Венецуела е новата „Мис Универзум“

Девојките од Венецуела, ја продолжуваат долгогодишната традиција за најубави жени во светот. Овогодинешната Мис Универзум Дајана Мендоза, била еднаш киднапирана во нејзината родна Венецуела, искуство кое и помогнало да остане максимално прибрана во стресна ситуација како што беше изборот за Мис Универзум. На финалето на изборот, американканската претставничка Рејчел Смит, втора година по ред се сопнала на својата вечерна тоалета на пистата, настан кој е овековечен на Ју Тјуб.
Инаку овогодинешната убавица Мендоза, има 22 години, висока е 187 сантиметри, има зелени очи, а нејзина пасија се јазиците и фотографијата. Од петте финалистки, четири беа од Латинска Америка и тоа од Мексико, Доминиканска република, Колумбија и Венецуела. Нив друштво во финалето им правеше претставничката на Русија.

Во продукција на НБЦ телевизиската куќа, шоуто  го водеа Џери Спрингер и „спајсицата“ Мелани Браун, а настанот можеше да се види во 170 земји во светот. Џери Спрингер се појави на шоуто качен на мотор.
Убавиците имаа најразлични настапи пред жири составено од меѓународни модни експерти и личности од бизнис елитата меѓу кои беше и милијардерот Доналд Трамп. Овогодинешниве убавици беа навстина талентирани. Така на пример претставничката на Албанија е професонална кошаркарка, додека претставничката на Аргентина јавно изјави дека гледала духови. Претставничката на Антигва обожавала змии додека пак убавицата од Ангола преживеала авионска несреќа додека бегала од родната земја за време на граѓанската војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *